Цветковски : Не коментирам барања за оставки
Генералниот директор на МРТВ Марјан Цветсковски, во изјава за НОВА рече дека нема да дозволи јавниот сервис да влезе во дневно-политички битки.
Ова го изјави Цветковски откако опозицијата, вчера ја објави осмата ,,бомба” и лидерот Зоран Заев побара оставки од раководството на јавниот сервис.
„Во првиот мандат од 3 години бев фокусиран на реализација на програмата. За среќа успеав. Во тие три години воопшто не се впуштав во коментирање на ставови и барања на политички партии. Истото ќе продолжам да го правам. МРТ нема да дозволам да влезе во дневно-политичките битки“, вели Цветковски за НОВА.
Директорот Цветковски за Радио Дојче Веле изјавил дека нема да го коментира барањето за оставка.
Инаку, јавниот сервис веќе долго време го критикуваат меѓународни органиции, Европската комисија и домашни невладини организации и новинарски здруженија.
Пред десетина дена, членовите од граѓанското здружение ,,Ајде”, протестираа пред МРТ и бараа јавниот сервис фер и балансирано да известува, а не како што рекоа, да биде мегафон на интересите на владејачката партија.
Слично
