Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦВЕТИН ЧИЛИМАНОВ: Главната политичка борба која претстои е конфликтот внатре во СДСМ

ЦВЕТИН ЧИЛИМАНОВ: Главната политичка борба која претстои е конфликтот внатре во СДСМ
Прашавме дел од македонските новинари што очекуваат во наредниот период во однос на политичката криза и начините за справување со неа. Како и се во општеството и ставовите меѓу јавните личчности се поларизирани, но секако оригинални. Фактор не секогаш се согласува со мислењата објавени на отворените страници, но правиме се тие да бидат што подостапни за македонската јавност. Цветин Чилиманов, новинар: Мислам дека главната политичка борба која претстои е конфликтот внатре во СДСМ, каде гледаме дека повторно гласно станува мајданското крило, групата влијателни советници и коментатори кои се залагаат да се растури договорот на еврокомесарот Хан и СДСМ и понатаму да дејствува со бојкот и преку улица. Наспроти нив претпоставувам дека ќе застане притисокот на меѓународната заедница која бара договорот да биде спроведен целосно и во поставениот рок, што гледаме дека и валдеачките партии се подготвени да го прифатат, свесни дека сите за нив штетни елементи од договорот сепак водат кон добивање на нов мандат во април. Оттаму, очекувам дека мајданското крило во СДСМ ќе бара разни креативни начини да дојде до поништување на договорот, но тоа да изгледа дека не е вина на СДСМ. Особено очекувам ова да се случува во периодот откако СДСМ ќе го добие предвиденото учество во извршната власт. Потенцијалот да се бара извор на тензии исто така е голем и во делот со медиумите, каде СДСМ има веќе добро разработена машинерија за критикување на ВМРО за вршење притисоци (дури и во случаи кога гледаме како про-опозициски новинари на најгруб начин провоцираат и чекаат реакција за да можат потоа да се жалат дека наводно биле нападнати). Но, општо земено, веќе е јасно видливо дека енергијата за улична разврска на кризата, ако некогаш и постоеше кај СДСМ, сега веќе не е на потребното ниво. Затоа се надевам дека поладните глави ќе дојдат до израз, па можеби дури и дека ќе успееме да затвориме неколку од дежурните теми што во изминатите години Европската Унија ни ги отвараше, паралелно додека се подготвуваме за априлските избори. Имајќи ја предвид веќе сериозно нарушената економска и е безбедносна ситуација во регионот, мислам дека амбициите за мајдани и улична демократија ќе наидуваат на се помалку поддршка и одобрување.
Слично

Поврзани вести