Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цуцуловски: Партиите ја киднапираат вистината за да внесат забуна кај граѓаните

Цуцуловски: Партиите ја киднапираат вистината за да внесат забуна кај граѓаните

Партиите ја киднапираат вистината за да внесат забуна кај граѓаните, а збунетоста е чекор кон дефетизам.

Кога луѓето не може да утврдат што е вистината, се прашуваат која е смислата на нивниот ангажман, вели професор Љубомир Цуцуловски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Смета дека објавувањето на „бомбите“ предизвика одредено мобилизирање во јавноста.

„Очекував дека реакциите на граѓаните ќе бидат многу пожестоки, не во смисла насилни, туку пожестоки во смисла да речеме дека многу повеќе ќе се мобилизира интелектуалната јавност, дека многу повеќе ќе имаме текстови од наши видни интелектуалци, сеедно дали се тоа социолози, философи, економисти или, пак, писатели, уметници, тие се на некој начин дел од она што се означува совест на една нација. А можеби тоа се должи помеѓу другото не само на партиската поделба на нашето општество, бидејќи голем дел од интелектуалците очигледно припаѓаат на одредени политички или партиски кругови и нормално е како индивидуа јас да припаѓам на одредена партија, но кога сум интелектуалец, тогаш треба да бидам интелектуалец и сето она што го носам во себе како моја интимност, како моја приватна определба, треба да го оставам на страна“ - вели професорот.

Не можете вие да очекувате сите да се дигнат на нозе ако вие не изнесувате сè во јавност што е снимено, туку го изнесувате само она што вам ви одговара, зашто има ситуации кога мора да се надмине и партискиот интерес, додава Цуцуловски.

Слично

Поврзани вести