Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цунами на пазарот на нафта, Иран тврди дека не сака војна!

Цунами на пазарот на нафта, Иран тврди дека не сака војна!

Цените на нафтата паднаа утрово на близу 33 долари за барел, бидејќи загубите на сировата нафта се продлабочени после растот на енергетските залихи во САД и понатамошното слабеење на кинеската валута јуанот.

Американската „Лесна“ нафта WTI за испорака во февруари паднала за 88 центи, или 2,59 одсто, на 33,09 долари, што е најниско ниво од декември 2008 година за време на светската финансиска криза, кога цената го допирна дното од 32,40 долари.

Во Лонодн цената на сировата нафта од типот „брент“ која го претставува европското мерило, за испораки во февруари поефтинила за 1,46 долари, односно за 3,5 одсто, на 32,77 долари.

Цената на затворањето вчера била под 35 долари прв пат во повеќе од единаесет години, на 34,23 долари за барел.

Последен пат цената на брентот била толку ниска во јули 2004 година. Неделниот извештај на американското Министерство за енергетика, кој е објавен синоќа, покажа остар пад на американските комерцијални залихи на сирова нафта за 5,1 милион барели на 482,3 милиони барели, во неделата заклучно со 1 јануари.

Побарувачката за сурова нафта има тенденција на пад кога американскиот долар јакнее во однос на валутата на земјите кои го купуваат тој енергент. Кина е најголем светски потрошувач на енергија.

ИРАН: Не сакаме војна поради цената на нафтата

Иран сака да избегне војна со ривалските произведувачи поради цената на нафтата и само постепено да го зголемува извозот по укинувањето на санкциите , изјавил генералниот директор на Националната иранска нафтена компанија задолжен за меѓународни прашања Мохсен Гамсари.

„Не сакаме да започнеме некој вид на ценовна војна. Ќе бидеме суприлни во нашиот пристап и постепено ќе го зголемуваме производството. Нема простор за додатно соборување на цената на нафтата имајќи го предвид нивото на кое моментално се наоѓаат“, рекол Мохсен во телефонска изјава за Ројтерес. Не прецизирал за колку Иран ќе ги зголеми испораките, но рекол дека нема да понуди додатни попусти како би привлекле клиенти.

Слично

Поврзани вести