Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Црвено копче“ за “он-лајн“ пријавување на кривични дела

“Црвено копче“ за “он-лајн“ пријавување на кривични дела

Министерството за внатрешни работи од денес започнува со практична имплементација на новиот проект “Ред Батон“, или “Црвено Копче“, апликација која изминатиов период беше дизајнирана и подготвена за официјалната веб страница на министерството www.moi.gov.mk

Со пријавувањето на апликацијата “Црвено Копче“ на кое било од посочените кривични дела не мора да биде само од страна на жртвата, туку и од страна на некој што има какви било сомненија или информации за случајот, и при тоа пријавите може да се доставуваат и анонимно, односно без да се открива идентитетот на пријавителот. Бидејќи станува збор за исклучително сериозно сомненија, секоја намерна злоупотреба на апликацијата ќе биде дополнително истражена и соодветно санкционирана, истакнуваат од  Министерството за внатрешни работи.

Согласно Кривичниот законик забрането е полови дејствија со дете кое не навршило 14 години, наведување  дете на вршење  полови  дејствија, наведување поттикнување или посредување на дете заради  вршење проституција, прикажување порнографски материјал на дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување и закажување средба со дете кое не навршило 14 години по пат на компјутерско-комуникациски средства, физичко и психичко малтретирање на дете, запоставување  и економско  искористување на дете, напуштање на дете со цел негово трајно ослободување, формирање  вонбрачна заедница со дете и точење и продавање алкохолни пијалоци на дете стои во соопштението на Министерството.

Со воведувањето на можноста за „он-лајн“ пријавување, не престанува досегашната пракса на користење на телефонската линија “192“, односно таа и натаму останува отворена за постојан контакт со граѓаните.

Слично

Поврзани вести