Црвенковски vs Груевски, кампањата почна, и Господ напомош во локалните избори!
На првиот ден на изборната кампања, лидерите на двете најмоќни партии ги повторија своите познати стојалишта, практично обележувајќи ги и идните насоки на кампањата.
Груевски од Охрид истакна дека како партија се држат до принципите и вредностите,што, како што посочи е препознатливата разлика меѓу нив и СДСМ.
-Ние имаме и нудиме 10.119 нови проекти за 70 општини низ цела Македонија, а СДСМ не покажа ни програма, ни проекти. Сите проекти за секоја општина се прецизно обмислени со рокови за реализација. Ние се држиме до принципите, а СДСМ се држат до лажните вредности. Народот ќе одлучи меѓу дела наспроти хаос, меѓу принципи наспроти демагогија, нагласи Груевски.
Груевски посочи дека овие избори се референдум против вредностите на политичарите кои како сидро ја влечеле државата назад, па токму затоа, според Груевски, на овие избори ќе се одлучува кој концепт е подобар, дали на оние кои не гледале да решат некој проблем, туку шанса за личен спас за своите кариери или оној концепт кој бил близок до народот и се базирал на конкретни дела.
Ни Господ нема да те спаси од предвремени избори
Наспроти Груевски, од Струмица лидерот на СДСМ порача дека Македонија е пред референдум за нови предвремени парламентарни избори.
Тој порача дека народот има право да ја знае вистината за документот со кој што се реши политичката криза во Македонија велејќи дека ако комисијата констатира прекршување на Уставот, Деловникот и Законот на црниот понеделник, треба со преговори да се дефинира датум за предвремени парламентарни избори и, рече Црвенковски ни Господ бог нема да го спаси Груевски од нив.
- Датумот е познат, најдоцна до 1. септември, а зошто Груевски инсистираше во документот да не влезе зборот предвремени, бидејќи не сака меѓу своите да го сруши митот за самиот себе, а дал збор дека до јуни ќе го реши спорот со името – изјави Црвенковски во Струмица.
Тоја додава дека не треба да се чека септември, бидејќи ова е е шанса во еден ден вашиот глас да се брои двапати. Ќе покажеме дека цела Македонија сака да биде како Струмица – порача лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Фото: Охрид - Курир, Струмица - Плусинфо

Слично