Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски: Време е да им се каже Стоп, доста е!

Црвенковски: Време е да им се каже Стоп, доста е!
„Еве токму овие денови во Собранието на РМ, и денес, во овој момент, се обидуваат да го прекршат и Уставот, и законот и деловникот, да инсталираат партиска држава, да спроведат партиски пуч. Да ја уништат и погазат и правната држава во Македонија.Сега е последниот момент кога мора да се каже - Стоп! Мора да се дигне брана, да се стави рампа, да се каже - Доста е, повеќе не ви дозволуваме! Сега е моментот кога треба да се избориме за иднината на целиот наш народ,“изјави претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. „Верувајте дека јас како претседател на партијата, најголемо задоволство чувствувам токму во моментот кога треба да доделам книшки на нови членски, токму во моментите кога присуствуваме на отворањето на нови партиски штабови, токму како денес тука во Бутел, кога се отвораат новите простории на СДСМ.Ваквите настани покажуваат дека нашето социјалдемократско семејство постојано се шири, дека армијата на наши почитувачи, поддржувачи и членови станува се поголема, дека нашиот заеднички партиски дом станува се посилен и поцврст“, рече Црвенковски. Тој уште еднаш повтори дека сегашната Влада ја води државата  во погрешен правец, а живеачката станува се потешка, народот е се посиромашен, а државата ни е се позадолжена, затоа што, вели Црвенковски, сакаат власта да ја задржат по секоја цена, не бирајќи средства, со сила, со закани, со притисоци.Со кршење на Устав и закон, со заплашувања. „Ние во оваа наша партија сме наполно свесни за целата должност и одговорност што лежи на нашите плеќи, за очекувањата што нашиот народ ги има во нас во овој период.И сакам јасно да порачам, ние таа наша должност ќе ја извршиме, таа задача ќе ја завршиме. Цврсто сме решени, овој пат сме решени да одиме до крај. Попуштања нема да има, запирање нема“, изјави Црвенковски.
Слично

Поврзани вести