Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски со писмо до Иванов: Ниту барам, ниту прифаќам „милост“ од вас!

Црвенковски со писмо до Иванов: Ниту барам, ниту прифаќам „милост“ од вас!
Повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Ѓорге Иванов побара денеска поранешниот претседател и некогашен прв човек на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој со директно писмо упатено на адреса на претседателот Иванов му порача дека ниту бара, ниту пак прифаќам „милост“ од вас . Писмото прочитајте го во продолжение „Господине Ѓорге Иванов, Во вчерашниот број на Службен весник на Република Македонија беше објавена содржината на вашата антидемократска, антиправна и антидржавна одлука. Одлука која по својата содржина, но уште повеќе и по својата намера е срамна и спротивна на здравиот разум. Иако од ваша страна не може ништо да ме изненади, сепак бев вчудоневиден кога таму го видов и моето име и презиме. Господине Иванов, Ниту има било каква основа за такво нешто (против мене не се води било каква постапка), но што е уште поважно, ниту од вас ниту од било кој друг, ниту барам ниту прифаќам било какво помилување. Од тука ве повикувам под итно да ја измените одлуката и да го избришете моето име и презиме од неа. Со вас и со тие зад вас, да зависеа работите од мене ниту нешто ќе се преговараше ниту нешто од вас ќе се очекуваше. Одамна ќе се видевме на различни страни од барикадите на клучната средба на нашиот народ со својата судбина. Се надевам дека и сите останати чии имиња се споменати во оваа ваша скандалозна одлука со индигнација ќе ја одбијат оваа ваша „милост“ и ќе покажат барем трошка морал и достоинство. БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ crvenkovski pismo ivanov crvenkovski pismo ivanov1
Слично

Поврзани вести