Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски се повлекува, поддржувачите на протест, наследникот во најава

Црвенковски се повлекува, поддржувачите на протест, наследникот во најава
Зоран Заев, Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Кире Наумов најавија дека ќе влезат во трка за претседателското столче во наголемата опозициска партија. Откако лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на централниот одбор на партијата соопшти дека си заминува од лидерското место се отвори прашањето, кој ќе биде неговиот наследник. Потпретседателот на партијата и градоначалник на Струмица, Зоран Заев прв ја поднел кандидатура за челното место во партијата, а според најавите поддршка му дава и Радмила Шеќеринска. „Нашата идеја е да понудиме економски решенија и визија за нашата земја, кои тесно би биле врзани и со надворешната политика. Наша интенција е да понудиме алтернатива на живеење со која ќе го свртиме вниманието прво на партијата, а потоа, се разбира на нашите граѓани, од она денес што го имаат со оваа власт“, изјави Зоран Заев за Нова. „По заминувањето на најсилното персонално решение на СДСМ, односно Бранко Црвенковски, за партијата ќе биде погрешно претстојниот Конгрес да се сфати само како можност за персонални промени, голи и нефункционални кадровски комбинаторики. Останувам принципиелен на мојот став, дека на СДСМ му треба модерна, темелна и организациска промена. Работам да предложам современ менаџмент и концепт, здрава екипа, која ќе испорачува победи. Ако се прифати тој победнички концепт, ќе оставам членството да одлучи кој човек и тим новиот концепт најдобро ќе го спроведе“, изјави  Игор Ивановски за Плусинфо. Зоран Јовановски пак според најавите ќе биде поддржан од  Гордан Георгиев и од Ана Павловска- Данева. Кире Наумов пак уште на почетокот на годинава најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата рече со образложение дека СДСМ мора да се реформира. Вечерва протести пред СДСМ Вешерва пред седиштето на партијата се собраа неколку стотини подржувачи на Бранко Црвенковски, незадоволни од одлуката за негово повлекување од претседателската функција. Тие побараа да им се обрати лидерот за да го разубедат.  Нив ги прими генералниот секретар на партијата Андреј Петров,  кој објасни дека решението за повлекување на Црвенковски од функцијата е негова лична одлука.
Слично

Поврзани вести