Црвенковски: Од вечерва си го враќаме Парламентот назад !
„Се гордеам со нашите пратеници. Бетон пратеници. Денеска се поздравивме со сите. Реков, вие влегувате во Парламент и од таму излегување нема. Не знам кога ќе се видиме, ама кога ќе се видиме ќе се видиме како победници. Од вечерва чекориме за нешто поскапо, многу повредно од буџетот за 2013. Ако продолжи вака, утре власта ќе суспендира и Устав и дебата, ќе изврши убиство пред наши очи на демократијата на Македонија. И тоа не каде било, туку во Собранието. И ако тоа се случи, тоа е крај. Што сакаат ќе прават, ќе соберат луѓе од улица и ќе ги однесат и никој нема да знае. Ако ова им помине од Македонија веќе не бива држава. Овде застануваме и не ве пуштаме понатаму. Од вечерва си го враќаме и парламентот назад и улицата назад“, изјави вечерва претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, пред пред насобраните граѓани и политичари пред Собранието.
Државата се води во погрешен правец, кон провалија, бројот на сиромашни расте, а само вчера Владата на Груевски се задолжи за нови 100 милиони евра , рече Црвенковски и додаде дека 350 милиони евра се Владата грлила во камења, во мермер и во бронза, затоа што Груевски решава да си ги лечи своите фрустрации, споменици градиме, а живите луѓе ни страдаат.
Тој рече дека опозицијата предложила буџет не затоа што тоа е интерес на СДСМ, туку затоа што сакале овој народ да не биде задолжен за нови 250 милиони евра.
„Не мора да се трошат пари за владини реклами. Владата на Груевски нека ги штеди парите на овој народ. Две недели водат агресивна кампања, вадат луѓе на улица. И што се случува, тие доаѓаат пред седиштето на опозицијата. Единствена земја каде се протестира пред опозицијата“, изјави Црвенковски.
„Утре ќе видат колку нe има. Во 8.30 почнуваме пред парламентот и ќе трае колку што треба до победа. Дојде моментот кога ќе се види од кој материјал сме направени и на која точка може да не стопат. Или ќе видат како се кали челикот во Македонија. Громови и метеори да паѓаат има да издржиме. Сакаат борба ќе добијат борба“, истакна Црвенковски.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=DywFy8DByhs#!
Видео а1он
Слично
