Црвенковски: Од Нова година наш дом ќе бидат плоштадите
На денешниот протест на опозицијата лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ порача дека од Нова година нивен дом ќе бидат улиците и плоштадите во земјава.
- Се вели „Кај да си пред Божик, зад Божик, дома да си“. Од среда ќе имаме секојдневни протести во сите градови во Македонија и отворен парламент - најави Црвенковски.
- Доста беше споменици во мермер и бронза со барокни фасади! Оваа влада не може да дише, а камоли да владее без многу, многу кредити и без своите пералници за пари. И што смисли големиот реформатор и пастир Никола Груевски. Буџетот да се донесе на сила, шверцерски, без закон и собраниска процедура. Ако народните претставници продолжат да се бунат им испрати специјалци да ги исфрлат, а претходно да ги исфрлат и медиумите од Собранието.
- Груевски нè стави пред следниот избор: Или ќе замолчиме, ќе ќутиме, ќе бидеме замолчани или ќе се кренеме! Да избориме за нашаат слобода, за нашата иднина и нашата демократија. Трето нема. Секој што мисли да се фемка, седи дома, ќе остане да живее во оваа Македонија. За нас одлуката е донесена, враќање назад нема!
- Поклопија се во оваа земја, и медиуми и државни институции и синдикати и стопански комори. Им остана само една пречка, ама силна пречка – опозицијата - додаде Црвенковски на денешниот протест.
За Новата 2013 повика да биде да биде година на храброст.
- Да се порази стравот. Тоа ќе биде година кога вољата ќе биде посилна од оваа диктатура.
Среќна победничка 2013 – порача претседателот на СДСМ и лидер на здружената опозиција, Бранко Црвенковски.
Слично
