Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски: Нудиме нов Буџет, со пари за зголемени пензии, но без трошења за згради, мебел, автомобили!

Црвенковски: Нудиме нов Буџет, со пари за зголемени пензии, но без трошења за згради, мебел, автомобили!
Денес Централниот одбор на СДСМ одржа седница во проширен состав на која беа разгледани вкупните економско-политички состојби во земјата и беа донесени повеќе важни заклучоци. По одржувањето на седницата на ЦО, Претседателот на СДСМ, Б.Црвенковски одржа прес конференција на која ги соошти донесените одлуки. „Оваа власт стана зависник од нови,но се поголеми кредити. Оваа власт ја внесува Македонија во грчко сценарио. Наша обврска и должност е да направиме се тоа да го спречиме. И веднаш да кажам. Наша цел не е да се блокира и да не се донесе буџетот. Тоа е лага! Наша намера е да ја натераме владата да се откаже од непродуктивните трошоци, а со тоа и до потребата од нови кредити и задолжувања.“ рече Црвенковски. За таа цел, посочи Црвенковски, на денешната седница ЦО на СДСМ дефинираше план за буџетски заштеди кој уште утре ќе биде доставен до Владата на Република Македонија. „Со овој план, пари во Буџетот ќе има и за покачени пензии, и за плати во администрацијата, и за субвенции за земјоделците, и за трансфери кон сите социјални категории на граѓани. Со овој план остануваат парите и за сите капитални инвестиции од продуктивен карактер. Со овој план ќе нема пари или поточно речено ќе има помалку пари за владини реклами, за економски промоции, за фонтани и споменици, за нови објекти од „Скопје 2014“, за нов мебел, нови возила и нови згради за владата и министерствата. На овој начин, се прави заштеда од цели 204,8 милиони евра.“ рече Црвенковски. Црвенковски јасно нагласи дека доколку овој предлог план биде прифатен од страна на владата СДСМ е подготвен веднаш да ги повлечеме сите амандмани и да гласа за таквиот буџет за 2013 година.  
Слично

Поврзани вести