Црвенковски: Македонија тоне во сиромаштија и долгови!
- Опасностите и ризиците над нас се поголеми од сите наши конфронтации, поради штетните политики на оваа коалиција. Македонија денес тоне во сиромаштија и невработеност. Македонската економија се гуши во неликвидност и рецесија, демократијата е уназадена, слбодата и правата на граѓаните се уназадени, изјави претседателот на опозицискиот фронт Бранко Црвенковски, на денешната официјална промоција на новиот опозициски фронт.
Денеска опозицискиот фронт се окрупни со уште 4 партии ЛДП, ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство, и го носи симболичното име „Сојуз за иднината“. Тоа значи дека за прв пат заеднички ќе настапат некогаш лутите ривали Црвенковски и Георгиевски, кои во изминатиов период остро го критикуваа работењето на Груевски на сите полиња, а меѓу нив и на полето на економијата. Според нив, Груевски води погубни економски политики кои Македонија ја водат во пропаст.
Слично
