Црвенковски: Груевски го прави истото што и Милошевиќ!
Бранко Црвенковски, пред еден час, им се придружи на приврзаниците на опозицијата, кои се пред Собранието за да изразат поддршка на пратениците, кои протестираат против донесувањето на буџетот по недемоктратски пат.
„Изминатиов период гледавме како Груевски го дели народот на сите основи, верници, неверници, антички македонци и историски, го разединува. Не делеа на транзиционери, реформатори. Денеска гледаме како го хушка народот еден против друг. Тоа го правеше и Милошевиќ. Груевски го доби својот 5. октомври“, рече Црвенковски во куса изјава претпладнево.
Во меѓувреме во собранието се случи инцидент во кој настрадаа две опозициони пратенички Бендевска и Казанџиска, а тензијата надвор продолжува. Од едната страна се приврзаниците на СДСМ од другата на Владејачката партија.
Слично
