Црвенковски: Економски сме опустошени, бараме предвремени парламентарни избори
Црвенковски побара парламентарни избори во март, заедно со локалните. На Груевски му порача дека не решил ниту еден проблем туку напротив, создал нови, а тоа може да се промени само на парламентарни избори.
Во нашата Mакедонија, додека сиромаштијата и невработеноста не се преполоват, ниту еден денар нема да се троши за непродуктивни трошци, нема споменици, фонтани, мебел. Додека народот тоне во сиромаштија, пари ќе даваме само за болници училишта и патишта. Приоритет број еден во нашата битка е за нови работни мести, секоја нова фирма ќе бида наша триумфална капија. Сакам да упатам порака до бизнисмените – џабе ви е трудот и капиталот кога гледаме дека на секоја лага на премиерот мора да апладуирате, кога мора пред секој инспектор да се тресете. Ете толку сте раат Вие почитувани бизнисмени и ако е така нека ви е со среќа, ако не, тогаш ајде заедно да се избориме за поинаква Македонија.
Груевци од патриотизмот направија профитабилен бизнис, а народот цело време го бранат, те од Брисел те од Грција . Колку повеќе го бранат тој повеќе тоне во беда, се повеќе личиме на Белорусија со Лукашенко.
Слично
