Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски до Светска банка: Со вакви задолжувања на Македонија и се заканува грчкото сценарио!

Црвенковски до Светска банка: Со вакви задолжувања на Македонија и се заканува грчкото сценарио!
Најголемата опозициска партија СДСМ, во писмо упатено денеска до Светска банка, ја известува оваа институција дека  жестоко се спротивставуваат на начинот на кој се однесува сегашната Влада во однос на брзината на задолжување, употребата на позајмените средства, севкупната неодржливост и недостатокот од транспарентност. Нашиот став го темелиме на конкретни факти кои покажуваат дека земјата рапидно го зголемува јавниот долг и тоа јавниот долг кон странство за 89,6% за само три ипол години, а долгот во земјата за 55% за само десет месеци годинава. Притоа, не се фокусираме на нивото на задолженост и споредбата со други земји, туку на неодржливоста на ваквото темпо на задолжување, стои во дел од писмото и посебно се истакнува дека неприфатлива е намената на трошење на средствата што се позајмени како “средства за сите буџетски потреби“, бидејќи тие станаа извор за потрошувачката треска на Владата за непродуктивни намени, велат од најголемата опозициска партија. Во писмото СДСМ ја обвинува Владата и за  нејзините неплатени обврски кон фирмите, за премолчувањето колкави се долговите, како и за тоа што задолжницата не важи и за државните институции. Загрижувачки е порастот на буџетскиот дефицит од 0,5% од БДП во моментот на промена на власта до 3,5% од БДП и пречекорување на критериумите на ЕУ годинава, се вели во писмото. Од СДСМ посочуваат дека искуството на соседна Грција  со рапидно задолжување за неопределени намени е јасен пример од секојдневниот живот, а  СДСМ не прифаќа неодговорно однесување што таму ќе ја однесе Македонија, без разлика дали се во Влада или во опозиција. Задолжувањето не смее да излезе од контрола, пишува во писмото кое е упатено до Јим Јонг Ким, а потпишано од Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ.  
Слично

Поврзани вести