Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвенковски до бизнисот: Секоја нова фирма ќе биде наша Триумфална капија

Црвенковски до бизнисот: Секоја нова фирма ќе биде наша Триумфална капија

Во нашата Mакедонија, додека сиромаштијата и невработеноста не се преполоват, ниту еден денар нема да се троши за непродуктивни трошци, нема споменици, фонтани, мебел. Додека народот тоне во сиромаштија, пари ќе даваме само за болници училишта и патишта.

Приоритет број еден во нашата битка е за нови работни мести, секоја нова фирма ќе бида наша триумфална капија.  Сакам да упатам порака до бизнисмените – џабе ви е трудот и капиталот кога гледаме дека на секоја лага на премиерот мора да апладуирате, кога мора пред секој инспектор да се тресете. Ете толку сте раат Вие почитувани бизнисмени и ако е така нека ви е со среќа, ако не, тогаш  ајде заедно да се избориме за поинаква Македонија.
Груевци од патриотизмот направија профитабилен бизнис, а народот цело време го бранат, те од Брисел те од Грција . Колку повеќе го бранат тој повеќе тоне во беда, се повеќе личиме на Белорусија со Лукашенко. Сакам да соопштам една работа. Ако на 10-ти декември добиеме датум за преговори, тоа значи дека Никола Груевски се договорил за промена на името. Црвенковски побара парламентарни избори во март, заедно со локалните. На Груевски му порача дека не решил ниту еден проблем туку напротив, создал нови, а тоа може да се промени само на парламентарни избори.
Слично

Поврзани вести