,,Црвен картон за Тодорoв’’ – мотото на утрешниот протест за смртта на Тамара
Граѓаните утре ќе излезат на протестен марш за смртта на малата Тамара Димовска, кој почина од сколиоза, чекајќи три години да го одобрат решението од Фондот за здравство за нејзино лекување во Турција кое чинеше 30. 000 евра.
Маршот под мотото ,,Црвен картон за министерот Тодоров” ќе започне утре во 12 часот од пред Фондот за здравство, а ќе заврши пред Министерството за здравство, каде присутните ќе повикуваат на одговорност за смртта на 9-годишното девојче.
Граѓаните револтирани од работата на бирократските лавиринти низ кои згасна еден млад живот, бараат оставки од Министерот за здравство и вработените во домашниот здравствен систем кои ги карактеризираат како одговорни за смртта на Тамара.
Тие исто така, бараат и кривична одговорност за директорите, членовите на Управниот одбор и од лекарската комисија за Фондот за здравствено осигурување, како и избор на независни и стручни одговорни лица во Фондот.
(И.К)
Слично
