Црвен картон за над 30.000 фирми: ќе се бришат од евиденција!
Владата предлага бришење на фирмите што најмалку три години не доставиле годишни сметки во Централниот регистар, како и на оние фирми што се со блокирани сметки, кои во минатото преминале во Агенцијата за блокирани сметки, а оттаму во евиденција на УЈП.
Според статистичките податоци, минатата година во Македонија имало околу 73.000 активни деловни субјекти. Меѓутоа, бројот на регистрираните фирми е многу поголем бидејќи има огромен број што се запишани во трговскиот регистар, но не функционираат со години. Се проценува дека нивниот број е над 30.000. Сите овие ќе се избришат од евиденцијата со новиот предлог-закон за измени и дополнување на Законот за трговските друштва, изготвен од Министерството за економија, кој ќе стапи на сила од 1 март 2013 година.
- Измените на законот произлегуваат од Високите преговори помеѓу Македонија и Европската Унија во делот на Главата за Функционална пазарна економија каде се бара побрзо решавање на неактивните трговски друштва, а заради понатамошно подобрување на конкурентноста на домашниот пазар и националната конкурентност во смисла што од пазарот ќе се исклучат сите трговски друштва кои во период од три години се неактивни - стои во образложението на законот кој е во собраниска процедура.
Слично
