ЦРВЕН АЛАРМ ВО СРБИЈА ПОРАДИ ТЕРОРИЗАМ: Уапсена жена борец на ИСИС- Тренирана да биде БОМБАШ САМОУБИЕЦ
Државјанка на Србија, следбеник на ИСИС Е. Џ. (21), уапсена е синоќа во населбата Калесија во БиХ во акција на СИПА со која српските разознавачки служби разменувале податоци за неа. Таа е уапсена заедно со нејзиниот сопруг Енес Мешич, кој е пуштен на слобода по апсењето.
Како што пренесуваат агенциите задачата на Е.Џ. наводно била прибирање на разознавачки податоци, како и врбување на други жени во редовите на ИСИС. Според податоците од српските служби за безбедност таа се споменува и како најблизок соработник на Нусрет Имамовиќ, радикален вахабист и водач од Горно Маоче.
Како што пренесуваат агенциите Е.Џ. е добро истренирана за самоубиствени напади и спремна е да изврши терористички напади на овие простори.
Слично

