Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРВЕН АЛАРМ: Хрватска и Словенија завеани, снежен бран се шири на целиот регион

ЦРВЕН АЛАРМ: Хрватска и Словенија завеани, снежен бран се шири на целиот регион

Најавената снежна бура ја зафати Словенија. Поедини училишта се затворени и воведени се ограничувања во патниот сообраќај.

Обилни снежни врнежи и силен ветер најпрво го погодиле западниот дел од Словенија, а се очекува невреме во текот на денот кое ќе се прошири на целата територија на земјата.

Сообраќајната полиција забранила три гранични пункти за камиони како би се избегнало создавање на колони и нивно заглавување на патиштата.

Возачите се предупредени на можни застои и им е кажано да ги наполнат резервоарите пред да тргнат на пат, со совети да останат дома ако тоа е можно.

 Во Словенија е прогласен портокалов степен на опасност од временски непогоди, во некои делови и црвен.
Експерти најавуваат дека во поголем дел од Словенија во просек ќе паднат повеќе од 40 сантиметри снег, а во некои делови од земјата и повеќе од 70 посебно на североисток.
Како што беше најавено силен снег веќе паѓа и во Хрватска, на северниот Јадран, додека обилни дождови со грмотевици се најавуваат за во Далмација, јавуваат локалните медиуми.

Црвено предупредување на метеоаларм подразбира силни и опасни временски непогоди кои предизвикуваат голема штета на големо подрачје и претставуваат опасност по живот.

Портокалово предупредување , пак , подразбира невообичаени временски прилики, како штета, дури и човечки жртви е можно.

Смирување на времето и престанување на врнежите во Хрватска се очекуваат во недела.

 И во БиХ во наредните денови се очекуваат поголеми врнежи, воглавно во Херцеговина и тоа во северозападниот дел на Босна, додека во Црна Гора според најавите на метеоролозите, снег ќе има на северот од земјата и во високите предели.

Слично

Поврзани вести