Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црногорците задолжени, колку пари треба да вратат на банките?

Црногорците задолжени, колку пари треба да вратат на банките?

Граѓаните на Црна Гора на банките должат скоро милијарда евра, пишува Независне новине.

Долгот е поголем од лани, а поразителен е податокот дека секој граѓанин на банките должи по три просечни плати или 1.552 евра.

Пред десет години секој жител во Црна Гора должел по 373 евра на банките, а оттогаш наваму секоја година долгот расте.

Вкупната црногорска задолженост на населението кон крајот на јуни годинава изнесувала 965,7 милиони евра. Тоа е за 49 милиони или 5.3% повеќе во однос на истиот период лани.

Компаниите во Црна Гора на крајот на јуни биле задолжени со 976,3 милиони евра или 18,3 милиони повеќе односно 1.9%.

Слично

Поврзани вести