Црногорците претпочитаат државна работа, макар и за пониска плата
Две третини од граѓаните на Црна Гора би сакале да работат во државна администрација за помала плата, отколку во приватниот сектор за поголема, покажуваат податоците од извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации за развој (УНДП) во Подгорица.
Според истиот извештај, 90 проценти сметаат дека за успех во животот најважно е да се имаат добри врски со влијателни луѓе. Мнозинството граѓани, односно 64 проценти повеќе би сакале да работат во јавниот сектор за помала плата, отколку во приватниот за поголема, истакнува постојаниот претставник на УНДП во Црна Гора Растислав Врбенски , додека 42 проценти од граѓаните сметаат дека владата е одговорна за сите да имаат работа, односно да се социјално безбедни.Загрижува податокот дека девет од десет граѓани веруваат дека за успех во животот и кариерата е потребно да се имаат добри врски со луѓе кои се на високи функции и со политичко влијание, истакнува тој.
Само 53 проценти од вработените испитаници работат на работно место за кое се школувани, покажува Извештајот.
Слично
