Црногорците ги „дерат“ странците: Наместо 2, за сметка 22 евра
Таксистите во Црна Гора повторно ги бие лош глас дека ги „дерат“ странските туристи. Брачен пар од Белгија тврди дека за такси возење за 3,9 км во Будва платиле 21,55 евра.
Сметка за 3,9 километри возење им наплатил возач, кој ги примил Белгијците од кружниот тек во центарот на Будва до Сеоца над Јаза, квартал каде изнајмиле апартман.
Белигијците потоа му ја покажале сметката на сопствениокот на апаррманот, кој веднаш ги алармирал надлежните служби. Иако мнозинството такси превозници во градот наплаќаат услуги по зимски ценовник, односно по километар од 50 до 80 центи, Белгијаците превозот го платиле неколку пати поскапо.
Со тоа продолжува старата пракса да поедини таксисте на странски гости им наплатуваат астроносмки цени. Проблемот со такси превоз во Будва веќе со години наназад е изразен.
Иако Општината издава околу 400 лиценци, колку би требало на улиците да бидат и возила, во шпицот на летото има и до илјада.
Дивеењето на таксистите и им оди од рака и со тоа што Општината никако да донесе единствен ценовник и поостра казнена политика.
Слично
