Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црногорските домаќинства трошат по 35 евра за струја

Црногорските домаќинства трошат по 35 евра за струја

Во месец март во просек домаќинствата во Црна Гора трошеле по 35 евра за струја, потврди тамошното Електростопанство.

Најниски сметки во март се платени во Жабјак од просечни 19 евра, а во Котор просечната сметка за струја била 42 евра. Просекот за Бар е 35, за Беране 23, за Бјело Поље 25, Будва 31, Цетиње 33, Херцег Нови 33, Подгорица 43 евра.  Сметки за струја од 150 евра ќе добијат 1.2 % од потрошувачите, а потрошувачка од 100 до 150 евра имало кај 2.8% од потрошувачите.

Вкупно во март домаќинствата во земјата  потрошиле 109,69 милиони киловат часови, што е за 2% повеќе од февруари.

Слично

Поврзани вести