„Црногорскиот Телеком“ бележи пад на приходите
Приходите на „Црногорскиот Телеком“ во 2012 година изнесуваа 114,3 милиони евра, што е пад од 2,8 милиони евра или 2,4 отсто во однос на 2011 година. Како што соопшти компанијата, падот на приходите е условен од пониските приливи од интерконециите и говорните сервиси во фиксната и мобилната телефонија, како и од пониските приходи од туристите. „Телекомот“ објаснува дека континуираните напори насочени кон зголемена ефикасност и подобрување на структурата на трошоците, довеле до намалување на оперативните трошоци за 1,8 милиони евра, или 2,4 отсто, во однос на 2011, исклучувајќи ги специјалните ефекти.
Слично
