ЦРНО СЦЕНАРИО: Годинава пресудна за Европската унија?
Европа заплови во 2015 година, а според тврдењата на Робин Оукли, поранешниот уредник на лондонски „Тајмс“ , Би-Би-Си и Си-Ен-Ен, многу европски политичари стравуваат дека оваа година би можела да биде година во која еврозоната и ЕУ ќе почнат да се распаѓаат.
Си-Ен-Ен објави авторски текст на Оукли, со напомена дека ова тврдење е исклучиво негов став.
Проблемите почнуваат од Грција
Оукли наведува дека проблемите ќе почнат да ја потрсуваат Грција, државата на која без многу размислувања и е дозволен влезот во еврозоната пред да ги уреди своите финансии и која е два пати спасувана и од која бараа да ја постави економијата на здрави темели.
-Повторно грчката економија е во центарот на еврокризата. Неуспехот на грчката влада на чело со Андонис Смарас да обезбеди мнозинство гласови за својот претседателски мандат значи дека на Грција и следат предвремени избори на 25 јануари, што е вест поради која пазарот на акции падна за пет одсто во однос на еден ден - вели Оукли.
Тој додава дека на изборите најверојатно ќе победи левичарската популистичка партија Сириза под водство на Алексис Ципрас која сака да стави точка на програмата за штедење наметната пред се на инсистирање на Германија. -Иако Ципрас малку ја олабави реториката и вели дека сака Грција да остане во еврозоната, тешко е да се каже дека тоа ќе биде изводливо доколку тој ако победи и ги оддржи предизборните ветувања - смета Оукли -(Oukli.it is hard to see how it could if he wins and holds to his election promises).
Се повеќе европски партии се противат на програмите на ЕУ
Оукли потсетува дека нема само граѓаните на Грција да одат на гласање, бидејќи се редовни избори и во Шпанија и Португалија исто така планирани за оваа година.
-Во Шпанија во анкетите моментално води партијата на Подемос, која жестоко им се противи на програмите на штедење чија намена е државата да се задржи внатре во еврозоната. Португалија, соочена со последиците од пакетот за спасување вреден 78 милијарди евра, притисната е со неизвесност после апсењето поради финансискиот скандал на владините претставници и водечки политичари од двете големи партии - вели Оукли и додава дека во Италија се поголема евроскептична врева создаваат трите од четирите најголеми партии - Форца Италија, Северна Лига и Движењето на пет звезди на комичарот Бепе Грил.
Најголема закана
Сепак, според него најголема закана за заедничката европска иднина доаѓа од парламетарните избори во Велика Британија, државата која не го ни прифатила еврото. -Политичките аналитичари признаваат дека британските избори, се закажани за мај, ќе биде тешко да се предвиди отколку било која друга историја.
Евроскептичната Партија за независнот на Велика Британија веќе со победата на изборите за Европскиот парламент во 2014 и успех на неодамнешните додатни избори за национален парламет, докажала дека може да ги земе гласовите од двете партии, Конзервативната и Лабуристичката партија - објаснува Оукли.
