ЦРНО И СЕ ПИШУВА: Грција ќе банкротира до летото!
Грција после неуспешниот кризен состанок на министрите за финансии на Еврозоната, завршен без договор за новиот режим на отплата на долгот, се повеќе се доближува до банкрот, а излегувањето од Еврозоната станува се поверојатно, оценува германски „Шпигел“.
- Ако не стигнат нови пари од европските партнери, Грција ќе банкротира во текот на претстојново лето, а можеби и порано – оценува магазинот. Само до крајот на март на сметка на камати, Грција мора на доверителите да им исплати 2,2 милијарди евра.
Колку и да успее финансиски да ја преживее пролетта, веќе во јули на Грција ќе ѝ требаат свежи пари или во спротивно ќе мора да прогласи банкрот.
- Во таков случај, една банкртирана Грција ќе биде сѐ поблизу до напуштање на евроозната – смета „Шпигел“.
Поради најновата криза со неизвесноста околу програмата за финансирање на Грција, грчките банки секојдневно бележат загуби, а нивните клиенти парите ги префрлаат во странство, додава германскиот магазин.
Слично
