Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА БАЛКАНОТ:Ќе има ли немири и прекројување на граници?

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА БАЛКАНОТ:Ќе има ли немири и прекројување на граници?

Бегалски бранови како во 90-т­ите години повторно ќе се појават на Балканот, тврди Тимоти Лес, поранешен шеф на британската амбасада во Бања Лука и директор на агенцијата „Нова Европа".

Кога влијанието од Западот ќе избледи на овие простори, ќе следува нов бран немири кои ќе доведат до прекројување на границите, пренесува белградски „Блиц".

Лес пишува дека хаосот ќе започне со отцепување на Република Српска, која преку референдум би се споила кон Србија. Пишува дека таквото сценарио силно го поддржува Русија, која одвај ќе го дочека слабеењето на моќта на Западот на Балканот. Хрватите од Босна ќе се обидат делот од територијата на кој живеат да го отцепат и да се спојат со Хрватска. Албанците во Македонија ќе се побунат и ќе се обидат да отцепат поголем дел од земјата. Така проширената Албанија потоа би го обединила Косово остварувајќи ја долгогодишната цел за создавање голема Албанија.

Потенцијалните немири ќе има и во Црна Гора. Тој вели дека просрпското население во оваа земја, кое претставува половина од популацијата, ќе тежнее кон спојување со тогаш веќе проширената Србија. Освен тоа, своја шанса ќе видат и Грција и Бугарија кои би сакале да земат делови од дотогаш распарчената Македонија, истакнува Лес во книгата.

Слично

Поврзани вести