ЦРНИ ПАРИ: Од Македонија незаконски се излеале над 5 милијарди долари
Огромни суми пари кои незаконски се стекнати преку криминал, корупција и даночно затајување се изнеле надвор од Македонија, покажува новиот извештај на организацијата „Глобален финансиски интегритет” со седиште во Вашингтон.
Во период од девет години, од 2004-та година па до 2013-та преку лажни фактури надвор од земјата се излеале над 5 милијарди долари.
Извештајот покажува дека најголемите суми на пари се излеале во изборните 2008 и 2013 година или скоро 2 милијади евра.
Според сумата на евентуални нелегални финансиски одливи, Македонија е рангирана на 88-то место со просечен годишен одлив од 516 милиони долари на нелегални пари.
Најлошо стојат Србија и Хрватска, додека Албанија на 118 место со евентуално незаконски одлејани 123 милиони долари годишно.
