Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНА СТАТИСТИКА: Уште една жртва велосипедист, најавен протест во 13ч!

ЦРНА СТАТИСТИКА: Уште една жртва велосипедист, најавен протест во 13ч!

Од ден на ден, се множат жртвите на улиците во главниот град.

Повредениот велосипедист од вчерашната несреќа  на раскрсницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт почина денеска.

Имено, незгодата се случила кога во шеесет и четири годишниот скопјанец кој управувал велосипед удрил автомобил марка „Ауди“ а возилото го управувало 20 годишно момче.

Се очекуваат официјалните податоци од надлежните после извршениот увид во несреќата.

Статистиката за сообраќајни незгоди од ваков тип е црна.

Зголемен е бројот на загинати пешаци во Скопје во однос на минатата година, покажуваат последните анализи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Во апсолутни бројки, за првите шест месеци во 2015 година имаше 20 загинати, за разлика од лани, кога имало 15. Најголемиот дел од загинатите се пешаци. Во првите осум месеци, пак, земајќи ги и јули и август, од вкупно 27 загинати во Скопје, дури 15 се пешаци.

Во просек во Македонја има 160-170 загинати лица годишно, а повеќе од 40 отсто од сообраќајките се на територија на главниот град.

Денеска за во 13 часот, граѓанската инцијатива „Коце врати ни ги улиците“ е закажан мирен протест за оддавање почит на прерано загинатиот велосипедист, 13-годишниот Давид и сите трагично загинати жртви на скопските улици-пешаци и велосипедисти.

Протестот ќе почне на булевар „Илинден“, пред фонтаната „Лотосов цвет“, а ќе заврши пред канцеларијата на градоначалникот Коце Трајановски, кого од иницијативата го посочуваат како директно најодговорен за црниот биланс и бројните несреќи по скопските улици.

Пред да се одржи овој протест пак, вчера надлежните од град Скопје и МВР одржаа средба на која решија да преземат построги правила во однос на безбедноста во сообраќајот и да влијаат на намалување на жртвите во сообраќајни незгоди.

Заклучоците кои беа донесени на вчерашниот состанок се најпрво да се направи  мапирање на црните точки во сообраќајот – анализа што треба да биде готова до 15 октомври, за веднаш потоа да се отстранат недостатоците на терен.

„Со новините во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, којашто е во собраниска процедура, предвидовме низа нови законски мерки кои одат во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во делот на урбаните средини, предложено е намалување на брзината на движење на јавен пат во населено место од 60 на 50 километри на час, а доколку не се почитува ова ограничување ќе се изрече глоба во вредност од 400 евра или 65 негативни поени“, истакна вчера министерот Чавков.

Слично

Поврзани вести