Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора утре станува дел од НАТО

Црна Гора утре станува дел од НАТО

Членките на НАТО  утре на министерски состанок на Алијансата во Брисел ќе го потпишат протоколот за пристапувањето на Црна Гора во Северноатланската алијанса.

Црногорскиот премиер,  Мило Ѓукановиќ на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер ќе присуствува на официјалното потпишување на пристапниот протокол. Тој  за првпат ќе присуствува на работните состаноци на НАТО, на кои ќе се разговара за актуелните безбедносни предизвици.

Националниот координатор на Црна Гора за НАТО, Веско Гарчевиќ изјавил дека со потпишувањето на протоколот се отвора завршната фаза за членството на НАТО, откако тој потоа треба да биде ратификуван од 28-те членки на Алијансата и црногорското Собрание.

Потпишувањето на протоколот ќе и овозможи на Црна Гора да учествува во работата на сите тела на НАТО. Земјата во декември доби покана за да стане членка на НАТО и поддршката на јавноста за членство во Алијансата се движи околу 48%, а против членството во Алијансата е дел од опозицијата, која се залага за поблиски врски со Русија и Србија и бара референдум за членството во НАТО.

Слично

Поврзани вести