Црна Гора: Се повлекуваат од продажба и бараат родителите да уништат отровни познати кукли!
Црногорските санитарни инспектори при контрола на безбедноста на пластични играчки кај пет ја пронашле хемикалијата фталат над пропишаното ниво (0,1 отсто), кое е ризично по здравјето на детето, поради што играчките биле повлечени од пазарот.
Како што пренесуваат локални црногорски медиуми, концентрацијата е поголема од дозволената на оваа хемикалија е пронајдена во пластичната кукла „Маша“, кај сет од пластични патки, музичка кукла, пластична кукла „Диверсити фешн“ и гумените играчки „Бабл тојс“ со потекло од Кина.
Оваа хемикалија може штетно да влијае на плодноста и плодот, да ја поремети работата на хормонскиот систем а може да предизвика и алергии.
На пазарот се најдени 160 парчиња, а увозниците и дистрибутерите преземале мерки на неодложено повлекување на производот од промет и повлекување од потрошувачите.
