Црна Гора: Руси дојдете, ги намаливме и цените!
Црна Гора, имајќи ги предвид случувањата на светскиот економски пазар, ги намали цените на хотелските аранжмани за рускиот пазар.
Од Националната туристичка организација на Цеба Гора соопштено е дека црногорската делегација на меѓународниот саем на туризам во Москва, се состанала со претставници на надлежните државни институции од областите на туризмот, руските туроператори и медиуми, пренесуваат црногорски медиуми.
Претставницте на двете земји разговарале за можностите за унапредување на соработката и промоција на веќе познатиот црногорски туризам на рускиот пазар и договориле отварање на канцеларии за туристички организации во двете земји, Црна Гора и Русија.
Во министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора се надеваат дека руските туристи и оваа сезона ќе ја изберат Црна Гора како своја туристичка дестинација, имајки ги предвид , пред се, сличноста на културата и јазикот на двете земји, како и фактот дека руските туристи во Црна Гора се чуствуваат додредојдени, рекол државниот секретар Предраг Јелушиќ.
