Црна Гора привлекува гости од Иран, најавени 3000 туристи
Црна Гора ја интензивира соработката со Иран на полето на туризмот, што ќе резултира со поголем број на туристи од оваа земја.
Земјата воспоставила соработка со најмоќниот тур оператор Иран марказ интернационал. Од Министерството за туризам велат дека Иран може да биде интересен пазар за привлекување на туристи за Црна Гора, а веќе се договорени и првите посети. Иран има 80 милиони жители од кои 5 милиони секоја година патуваат. Посетите на иранските туристи ќе почнат во јуни и ќе траат до септември. Ако се оди според планираното, оваа сезона Црна Гора ќе биде домаќин на 3000 ирански туристи, а понатаму се очекува бројот да расте пред и после сезона.
Слично
