Црна Гора почна да извезува пиштоли!
Црногорската компанијата „Тара“ го извезе првиот контингент од пиштолите ТМ 9 во Парагвај, за потребите на полициските сили.
Сериското производство на првиот црногорски пиштол МТ 9 почна во ноември, кога оваа компанија имаше потпишано три договори за извоз. Вториот контингент ќе патува за Филипини на почетокот на јануари.
Пиштолот ТМ 9 за првпат официјално беше претставен на 5 октомври 2011 година.
Слично
