Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора нема да го објавува полот на новороденчињата

Црна Гора нема да го објавува полот на новороденчињата

Новиот директор на Клиничкиот центар на Црна Гора, Ранко Лазовиќ изјавил дека во иднина ќе се пријавува само бројот на новородени деца, но не и нивниот пол, бидејќи според него тоа е дискриминација, пренесе „Танјуг“.

„Секаде во светот е задолжително да се пријави бројот на новороденчињата и ништо повеќе. Сметам дека децата од машки и женски пол се целосно исти, имаат ист статус и за тоа не треба да има дискриминација за пол“, истакнал Лазовиќ.

Иако граѓанското здружение „Родители“, вели дека не е јасно зошто тоа е дискриминација, социолозите ја поздравиле одлуката на Лазовиќ.

Црна Гора заедно со Албанија, Азербејџан и Ерменија, е земја со најголем дисбаланс меѓу децата од машки и женски пол.

Статистиката покажува дека во Црна Гора се раѓаат 100 девојки на 110 момчиња, додека природниот баланс е 100 девојки на 102 - 104 момчиња.

Слично

Поврзани вести