Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора не е подготвена за првите туристи?

Црна Гора не е подготвена за првите туристи?
Првите гости во Црна Гора почнаа да стигнуваат, а Владата само што ја усвои програмата за подготовка на туристичката сезона. Туристичките работници сметаат дека тоа не е во ред и дека секоја година се повторува истото. „Во туризам работам 36 години. Секоја година се повторува истата приказна и на крај на март почнуваме да зборуваме за туристичката сезона. Туристичката сезона веќе почна и првите групи  туристи веќе дојдоа во нашите хотели. Сезоната ќе се интензивира во средина на април кога почнува сезоната за капење“ - вели претседателот на одборот за туризам, Драган Иванчевиќ. Сообраќајниците и комуналната опременост не се подготвени, а на брегот на морето има остатоци од привремени објекти. Иванчевиќ вели дека подготовките за следната сезона треба да почнат во октомври месец, кога тековната туристичка сезона ќе заврши. Тој вели дека  туристите кои ќе дојдат во предсезона ќе наидат на шок.  
Слично

Поврзани вести