Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора: Мајките на три деца ќе имаат доживотни примања!

Црна Гора: Мајките на три деца ќе имаат доживотни примања!

Од 1 јануари мајки на три деца, кои имаат 25, односно 15 години работен стаж во Црна Гора, ќе поднесуваат барања за примање на доживотен месечен надомест.

Мајката на три и повеќе деца при доставување на документите ќе има обврска да предаде изводи од матични книги на родените деца, потврда за работен стаж или потврда за евиденција на бирото на Завод за вработување, ккао и доказ дека не остварувала право на пензија, пренесуваат црногорските медиуми.

Надомест ќе примаат и невработени мајки кои на евиденцијата на Заводот за вработување имале најмалку 15 години, како и родителите на негувателите на лица со посебни потреби, ќе примаат доживотен месечен надомест.

Вработените мајки со три и повеќе деца, кои имаат 25 или 15 години работен стаж, ќе примаат доживотен месечен надомест во износ од 40 до 70 одсто просечна нето заработка во Црна Гора која и претходи на онаа кога е остварено тоа право.

Просечна нето заработка во Црна Гора изнесува 477 евра. Тоа значи дека мајката со три деца или повеќе, ќе прима по 333, односно, 193 евра.

Според достапните податоци на Заводот за вработување, околу седум илјади жени во Црна Гора може да го остварат правото на доживотен надомест.

Слично

Поврзани вести