Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора итно повлекува токсично млеко увезено од Србија и БиХ

Црна Гора итно повлекува токсично млеко увезено од Србија и БиХ
Министерството за земјоделие на Црна Гора побара од Ветеринарната управа да повлече од пазарите млеко од шест производители од Србија и БиХ, кај кои по анализи е откриена висока концентрација на афлатоксини. На Ветеринарната управа и е наложено дополнително превентивно да ги контролира и црногорските производители на млеко. Според Министерството, високо ниво на афлатоксин има во млеката на Нишка млекара, Имлек-Белград, Имлек-Козарска Дубица, Концерн Фармаком М.Б. Шабац – Млекара Шабац, Мегле Крагуевац и Милкоп-Рашка. Во дописот се бара итно повлекување и без одложување да се спроведе барањето и да се известат дистрибутерите. Привремено во Црна Гора се запира и увоз од производители чие млеко е контаминирано.  
Слично

Поврзани вести