Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора до крајот на годината би можела да стане членка на НАТО

Црна Гора до крајот на годината би можела да стане членка на НАТО

Одлуката за поканата на Црна Гора за членство во НАТО ќе биде донесена од 28-те земји членки на Алијансата до крајот на годината и никој друг нема право да се меша во овој процес. Ова го изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За време на заедничката прес-конференција со хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ во Брисел Столтенберг изјавил дека како што е веќе јасно на самитот на НАТО во Велс, преговорите со Црна Гора се засилуваат.

„Ставот на Алијансата останува ист. Како што решивме минатата есен, сега ги забрзуваме преговорите со Црна Гора. Премиерот Мило Ѓукановиќ неодамна го посети седиштето на НАТО. Постои напредок на земјата во областа на владеењето на правото, безбедноста и одбраната. Ќе направиме проценка и ќе донесеме одлука за покана до крајот на годината“, изјавил Столтенберг.

Генералниот секретар додал исто така, дека одлуката за тоа ќе биде донесена само од 28-те земји членки на Алијансата и никој друг нема право да се меша или да стави вето на таа одлуката.

Слично

Поврзани вести