Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора – балканска оаза за купувачите на луксузни имоти

Црна Гора – балканска оаза за купувачите на луксузни имоти

Црна Гора привлекува сé повеќе купувачи на луксузни имоти, пишува Wall Street Journal.

Луксузни нови комплекси има во Которскиот залив. И градежните компании и купувачите се повеќе се насочуваат кон малите крајбрежни гратчиња, особено во областа на Которскиот залив, каде што има и доволно пристаништа кои можат да прифатат стотици луксузни јахти.

Само 10 години по прогласувањето независност на земјата, таа веќе успешно привлекува меѓународни купувачи на имот. Првиот бран странски купувачи на недвижен имот во земјата беше по крајот на балканските војни во 90-тите години на минатиот век, односно  во 2005 и 2006 година. Оттогаш до 2008 година цените на недвижностите по крајбрежјето претрпеа драстичен раст, но поради кризата во еден момент тргнаа надолу. Во моментот се забележува стабилизација на цените, што привлече и нов бран од купувачи.

Најпопуларната дестинација за купувачите на луксузни имоти останува Котор. Најголемиот број купувачи се Руси и Срби.

Слично

Поврзани вести