Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црн ден на Егејското море, нови удавени мигранти!

Црн ден на Егејското море, нови удавени мигранти!

Најмалку 10 лица, меѓу кои и седум деца загинаа при потонување на дрвен брод на бегалци во близина на брегот на грчкиот остров Лезбос, објавија властите на земјата.

Првичните податоци покажуваа седум загинати, меѓу кои пет деца, но подоцна беа пронајдени телата на уште тројца удавени - две деца и една жена. Наводно, се спасени 241 лица кои се со тешка хипотермија поради времето поминато во студените води на морето. Грчки патролни бродови и хеликоптер, како и рибарски бродови и жители на островот со авиони се вклучија во спасувачката операција, која беше отежната поради темницата и силниот ветер. Според локалните медиуми во болница се однесени деца во критична состојба.

Полицијата соопштува дека не знае колку луѓе точно патувале на бродот и колку луѓе уште може да пронајдат во водата. Вкупно 39 е бројот на мигрантите овој месец кои се удавиле во водите на Грција, обидувајќи се да стигнат до копното. Од почетокот на годината 560 000 мигранти и бегалци од Сирија, пристигнаа во Грција по вода, а на оние кои пристигаат во Европа преку Средоземното Море се околу 700 000, објавија од Меѓународната организација за миграција. Повеќе од 3 200 лица загинале во овие патувања по морето, со што поголемиот дел од загинатите се деца.

Слично

Поврзани вести