Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦО едногласно одлучи, СДСМ на избори на 24 април не учествува!

ЦО едногласно одлучи, СДСМ на избори на 24 април не учествува!

Социјалдемократскиот сојуз вечерва донесе едногласна одлука и партијата на Заев нема да учествува на изборите на 24-ти април.

Лидерот Заев соопшти дека заклучоците кои ги донела неговата партија се дека фер, регуларнии и демократски избори се императив, а не датумот на изборите.

„На Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна имплементација на договорот од Пржино.

 Квалитетна и кредибилна проверка на Избирачкиот список не може да се направи за 40 дена а без кредибилен и веродостоен Избирачки список нема регуларани избори.

Нема фер и демократски избори без соодветна регулација на медиумите и создавање фер медиумски простор за сите политички партии со навремен ефект пред изборите“, рече Заев, дополнувајќи дека без навремено прочистен Избирачки список и без навремена регулација на медиумите тие нема да учествуваат на изборите.

Од партијата на СДСМ велат и дека едностраната одлука на власта да го распушти Парламентот на 24-ти февруари и да оди на избори на 24-ти април, без претходно исполнети услови за фер, регуларни и демократски избори ја стави СДСМ пред одлука со две опции, да ги напушти државните институции или да даде шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите.

„Остануваме посветени, договорот од Пржино да се исполни во целост. Ние нема да бидеме причина за кршење на Договорот од Пржино. До пред распуштањето на Парламентот  даваме шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите, за да може да се исполнат условите за фер, демократски и регуларни избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите“, стои во соопштението на СДСМ.

Слично

Поврзани вести