„Цивил” со нов проект за одбрана на гласачкото право
Центарот за слобода и дебата – Цивил, утре ќе стартува со нов проект ,,Моето гласачко право”, чија цел е да ја зајакне јавната свест и едукација кај граѓаните за изборните процеси и нивните гласачки права.
Презентацијата и дебатата за проектот ќе се одржат утре во ГЕМ Клуб, кај Стара Чаршија со почеток во 11 часот, а настанот е отворен за сите заинтересирани.
Идејата е да се зајакне едукацијата и мобилизацијата на граѓаните за изборните процеси, гласачките права и демократските стандарди, наспроти изборните нерегуларности.
Во проектот ќе бидат вклучени разни активности низ цела земја, а и ќе се формираат работни групи за мониторинг на изборните процеси и состојбите на човековите права.
Слично
