Цивил: Кој е виновен за лудилото на етничката омраза?
„Остануваат неодговорени прашањата за кои институциите не смеат да си дозволат да бидат поставени, а кога веќе дошло до тоа да се постават, не смеат да молчат! Кој е виновен за лудилото на етничката омраза која, како зараза, се шири меѓу младите луѓе? Кој манипулира со незадоволството на младите, организирани во навивачки групи, делат своја „правда“ над „инаквите“?Три меѓуетнички тепачки за само четири дена. Дали власта на овој начин ја одбележува 14-годишнината од Охридскиот договор?!“ се вели во соопштението на ЦИВИЛ.
Центарот за слобода ЦИВИЛ ги повукува МВР и Обвинителството да регираат и да ги пронајдат виновниците за насилството по скопските улици.
,,Зарем не се доста фотографиите од претепани млади луѓе, деца, од крвјосаните лица на жртвите над кои се изживувале сурови напаѓачи на централниот скопски плоштад, пред трговскиот центар „Мавровка“, на влезот во старата Скопска чаршија? Каде е МВР?Каде е Обвинителството?Дали полицијата, приватното обезбедување и камерите за надзор се наменети само за заштита на спомениците и фасадите? Безбедноста на живите луѓе, очигледно, не е на листата на оние што вработуваат (а ние плаќаме) персонал за чување на спомениците." - велат од ЦИВИЛ.
Од организацијата апелираат дека мора да се прекини спиралата на насилство меѓу младите и надлежните органи да ја завршат својата работа за да спречат да дојде до нова физичка пресметка.
Од ЦИВИЛ бараат политичар кој ќе го смири ова ,,лудило на меѓуетничка омраза" и ќе допре до разумните личности и кај „своите“ и кај „другите“.
