Економија, финансии, бизнис

Контакт

,,ЦИВИЛ” ќе го тужи Сител ако не се извини

,,ЦИВИЛ” ќе го тужи Сител ако не се извини
Организацијата Цивил ќе поднеси тужба за клевета, ако телевизијата  Сител не им се извини за, како што велат ,, бројните невистини и етикетирања изнесени во дневникот телевизијата.” Претседателот на организацијата Џабир Дерала, ги демантираше наводите искажани на телевизијата и побара јавно извинување поради нарушениот углед. „Овој атак е насочен кон дискредитирање на нашата организација со цел ние да бидеме исклучени од набљудувачкиот процес во изборите во април идната година и секако за да се замачкаат сите криминали кои се случуваат секојдневно во Македонија, а чии носители се токму стопаните на овие новинарки и новинари кои работат во медиумите кои се контролирани од власта“-рече Дерала Инаку, во прилог во дневникот на телевизијата Сител, обвинија дека организацијата ЦИВИЛ „инкасирала половина милион евра од СОРОС за само три години“. Претседателот Дерила рече во последните четири години, Фондацијата Отворено општество Македонија  се појавува два пати како донатор на проекти на Цивил, со вкупна сума од 10 909 евра.  
Слично

Поврзани вести