Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цивил ќе ги набљудува изборите во општините низ Македонија

Цивил ќе ги набљудува изборите во општините низ Македонија
Цивил -Центарот за слобода ќе го спроведе проектот „Набљудуваме“ во општините низ Македонија. Проектот ќе се спроведува на национално и на локално ниво. Користејќи ја постојната мрежа од членови и поддржувачи, Цивил ќе спроведува активности преку своите 14 регионални центри во кои ќе бидат опфатени сите 84 општини во земјата. Цивил има регионални тимови во Скопје, Куманово, Велес, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Гевгелија, Струмица, Штип, Кавадарци и Кочани. Во проектот „Набљудуваме“ ќе се вклучат 50 краткорочни набљудувачи, 7 долгорочни набљудувачи, еден мобилен тим, експерти и аналитичари, а ќе се обучуваат и граѓански изборни набљудувачи. Со овој проект, Цивил ќе обезбеди динамична програма за набљудување на изборите, јакнење на јавната свест и медиумска продукција и граѓанска едукација најмалку 2 месеци пред одржување на изборите, на денот на изборите и во постизборниот период. Ќе направат еден сеопфатен извештај, анализа и препораки по изборите, но и извештаи од работата на терен на дневна основа. Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Скопје.
Слично

Поврзани вести