Цивил јавува за изборни нерегуларности, некој ги потценува жителите на Центар!?
За прекршување на изборниот молк за време на прегласувањето во вториот круг во избирачките места во Општина Центар на досега невиден начин, јавува невладината која денечното гласање го набљудува со 25 акредитирани набљудувачи.
Како што стои во соопштението, во текот на минатата ноќ или рано утрово, флаери и писма биле оставани во поштенските сандачиња и во влезовите на зградите насекаде низ општината каде што има прегласување, меѓу другите и во зградата во која се сместени канцелариите на Цивил.
Во едниот флаер и во писмото, од кое јасно се гледа дека е фалсификувано гласачите се повикуваат да излезат на гласање на 28 април, односно не денеска туку идната недела, а во другиот флаер шителите на центар се повикуваат да не излезат на гласање, посочуваат од Цивил.
Инаку денеска се гласа на 29 избирачки места во општина Центар и тоа на избирачките места 2796, 2797 и 2799 во ОУ „Кочо Рацин“, 2802 во ДСУ „Д-р Панче Караѓозов”, 2805 во Детскиот дом „11 Октомври“, избирачки места 2806, 2808, 2810 и 2811 во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, 2815 во Дом на АРМ, 2817 во ОУ „Димитар Миладинов“ поранешно „Браќа Рибар“, 2822 во ОУ „Кирил и Методиј“, 2832 и 2833 ОУ „11-ти Октомври“, 2839 во Работнички универзитет, 2842 во Погонот на ЖТП на ул. Христо Смирненски бр. 28, 2843, 2845 и 2847 во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци, 2848 и 2849 во ОУ „Гоце Делчев“, 2854 во Фудбалски сојуз на Македонија, 2855 и 2856 во Дом на градежните, 2861, 2862,2863,2866 и 2867 во ОУ „Коле Неделковски“. Вкупниот број гласачи на овие избирачки места изнесува 22.939.
Исто така се гласа и на девет места во општина Струга, на едно во општина Ѓорче Петров, како и на 20 гласачки места од вкупно 39 во Долнени.
Како што информираа од Државната изборна комисија, сите 78 избирачки места во четирите општини каде што денеска има прегласување од вториот круг на локалните избори се отворени во 7 часот и гласањето почнало без проблеми, информирашеоткако ги собрала податоците на општинските изборни комисии.
Слично
