Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИВИЛ: Избирачкиот список не е прочистен, слободни избори на 5 јуни не се можни

ЦИВИЛ: Избирачкиот список не е прочистен, слободни избори на 5 јуни не се можни

Центарот за слобода во своите досегашни анализи и соопштенија изнесе јасни и недвосмислени оценки за процесот во чии рамки се спроведува и чистењето на Избирачкиот список.

„Начинот, квалитетот на водењето на процесот, сите сомнежи кои ги предизвика работата на Државната изборна комисија и делувањето на политичките партии, укажува на тоа дека граѓанките и граѓаните со право немаат доверба во овој документ. Општа е констатацијата дека, дури и да се прочистеше Избирачкиот список докрај, што секако не се случи, довербата изостанува, а со тоа и кредибилитетот на ДИК и на целиот процес“, соопштуваат од ЦИВИЛ.

Оттаму укажуваат дека пред сè, теренската проверка на Избирачкиот список не се  спроведе на начин кој може да се оцени како потполно регуларен, за што е известена јавноста и претходно, во повеќе наврати.

„Административната проверка која требаше да опфати над 70.000 лица, го исфрли на површина сознанието дека над 18.000 лица воопшто не аплицирале за издавање лични документи, а се наоѓаат во Избирачкиот список“, предупредуваат од овој Центар.

Освен катастрофалната состојба на Избирачкиот список, ЦИВИЛ регистрира огромен број случаи на закани и уцени, политичка корупција, дискриминација врз основа на политичката афилијација, мобинг, потполна партиска контрола на институциите и непроменета состојба во медиумите, кои во најголем дел се под контрола на власта.

На крајот, уште еднаш ја нагласуваме констатацијата дека не се создадени и не се создаваат услови за слободни избори во Република Македонија. Според досега сработеното, слободни избори на 5 јуни не се можни.

Слично

Поврзани вести